ВИДЕО: Таа има 112 години: „Тајната на долгиот живот е во 30 цигари на ден“

Батули Ламичане е родена во 1903. година, а почнала да пуши на 17 години. Вели дека во тоа нема ништо лошо и дека долго проживеала бидејќи никогаш премногу не се нервирала.

И покрај многуте години и животот во сиромаштија, Непалката Батули сеуште добро се „држи“. Со 112 години, таа е една од најстарите луѓе на светот. Бројот на нејзините години е уште поневеројатен ако се земе во предвид дека долговечната старица пуши цигари веќе полни 95 години.

Почнала на 17, а дневно во просек пуши по 30 цигари.

- Почнав да пушам како многу млада и тоа ми прејде во навика. Мислам дека сега не би можела да престанам, изјави старицата која вели дека во пушењето цигари не гледа „апсолутно ништо лошо“.

Нејзиниот единствен совет е луѓето да ги избегнуваат комерцијалните цигари и да си виткаат свои, од домашен тутун.

 

 
 
27.01.2016 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега