Изненадувачки и помалку бизарни факти за неверството и измамата

За неверството во брак и врските напишани се многу текстови и направени се многу истражувања, но се уште ни остануваат нејасни вистинските причини кои стојат зад оваа потреба. И додека резултатите на некои истражувања помагаат подобро да го разбереме умот и мотивите на луѓето кои изневеруваат, некои од нив се едноставно чудни.

Еве неколку такви:

За мамење сме генетски предиспонирани

Ако сте склони на мамење, можеби за тоа можете да ги обвинувате вашите гени. Истражувачите од универзитетот во Бигамтон откриле дека педесет отсто лица со ДРД4 ген, кој предизвикува допаминска возбуда која се случува и при забранети дејствија, се склони кон промискуитет и неверство.

Жените сметаат дека мажите со подлабок глас повеќе изневеруваат

Лоши вести за мажи кои звучат како Бери Вајт: студијата објавена во журналот Personality and Individual Differences покажува дека мажите со подлабок глас жените ги перципираат како склони на неверство.

Тие кои изневеруваат, своите брачни партнери ги сметаат за попривлечни од љубовниците

Кога зборуваме за неверство, треба да се потенцира дека тука воопшто не се работи за изгледот. Неколку истражувања покажале дека луѓето кои изневеруваат, своите партнери ги сметаат за физички попривлечни од тие со кои ги изневеруваат.

Многу млади луѓе флертот преку интернет го сметаат за неверство

Веб сајтот Fusion испитал група од 1000 луѓе од 18 до 34 години, а 82 отсто од нив флертувањето преку социјалните мрежи го сметаат за неверство.

Ако нивните мајки изневерувале и жените најверојатно ќе изневеруваат

Истражувањето од британскиот сајт Illicit Encounters испитало 2000 лица и покажало дека 73 отсто мајки на жени кои признале дека имале некаква афера исто така ги изневерувале партнерите.

Среда е најпопуларен ден за тие кои изневеруваат

Судејќи според сајтот Ashley Madison, среда од 5 до 7 попладне е најпопуларно време кога луѓето изневеруваат.

Мажите кои изневеруваат попрво ќе имаат срцев удар од тие кои не мамат

Студијата од Универзитетот Флоренс покажа дека ненадејна смрт од срцев удар во тек на сексуален однос е почеста кај мажи кои имаат љубовници.

Вонбрачните афери го зголемуваат ризикот од кршење на пенисот

Да, ова е една од чудните студии. Др. Ендрју Крамер, уролог од Медицинскиот центар при Универзитетот во Мериленд проучувал 16 случаи на кршење на пенис во периодот од 2007 до 2011 година. Половина од тие мажи признале дека незгодата им се случила за време на вонбрачна афера.
– Не гледате често мажи на кои тоа ќе им се случи за време на секс со нивните долгогодишни сопруги – рече Крамер за Хафинтон Пост.

 
 
27.01.2016 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега