Овенот е себичен, на Вагата не и оди љубовта од рака - дневен хороскоп

Еве што ѕвездите денеска му предвидуваат на секој хороскопски знак.

ОВЕН

Почнавте отворено да му префрлате на партнерот. Ако се ви смета, што барате со него? Дали навистина го сакате?

БИК

И денеска сте во дилема, што со партнерот? Ве очекува конструктивен разговор по кој ќе знаете се.

БЛИЗНАЦИ

Денеска ќе бидете нервозни. Внимавајте да не кажете нешто во афект пред партнерот бидејчи многу ќе се каете.

РАК

АКо нешто изјавите не се правдајте дека е во афект. Многу сте чувствителни и емотивни и така ќе биде и денес.

ЛАВ

Сакате постојано да сте во друштво и се да менувате. Партнерот тешко ќе го поднесе тоа.

ДЕВИЦА

Нема да наидете на разбирање од партнерот. Во најава е караница или прекин на врската.

ВАГА

Се трудите љубовта да ја држите под контрола но ситници ве вадат од колосек. Немојте да ја губите главата за глупости.

ШКОРПИЈА

Ќе ви се допадне некој кој е зафатен. Нова љубов е на повидок.

СТРЕЛЕЦ

Внимавајте со партнерот, ќе заземете став поради кој ќе мисли дека ви е сеедно. Можни се проблеми.

ЈАРЕЦ

Вие сакате нешто што е достапно, кога некој малку ве игнорира губите тло под нозе. Поработете на љубовта.

ВОДОЛИЈА

Морате да научите и да давате љубов а не само да примате. Внимавајте што зборувате.

РИБИ

Вие не можете да не искоментирате а тоа тешко му паѓа на партерот. Поведете сметка и за другите.

 

 
 
28.01.2016 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега