Пресметајте колку ќе биде високо вашето дете

Секој родител ужива да го гледа своето дете додека расте, сепак секого помалку го интересира колку ќе порасне. Тоа може да се предвиди со помош на оваа формула.

Формулата потекнува седумдесеттите години од минатиот век, а се мери врз основа на висината на родителите:

Ако сакате да израчунате висина за машко дете, формулата гласи: висина на мајката + висина на таткото + 13 сантиметри / 2 = висина на синот

За предвидување на висината на женското дете, формулата гласи: висина на мајката + висина на таткото - 13 сантиметри / 2 = висина на ќерката

Значи, за висина на машкото дете се собираат висината на двајцата родители, се додаваат 13 сантиметри и потоа се дели со 2, а женските се собираат висините, се одземаат 13 сантиметри и се дели со 2.

Секако, нема сите деца чиви родители имаат иста висина, па дури ни тие од ист пол, да имаат иста висина. Висината во повозрасно доба се смалува кај помладите браќа и сестри, и помладите деца растат поспоро. Има и други фактори вклучени во растот, највеќе исхраната, но генетиката одредува од 60 до 80 проценти од максималната висина- напоменуваат од New York Times.

 

 
 
28.01.2016 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега