Има 28 прсти - на што мора да внимава тој?

Роден со ретка развојна аномалија полидактилизмом, 43 годишниот столар од Индија кажува дека неговите прсти му донеле слава во неговата земја и многу среќа исто.

Девендра Сутар од Гуајарата во Индија е роден со дури 28 прсти и тоа му овозможило влез во Гинисовата книга на рекорди. Сутар иначе е столар, па тоа му претставува проблем зошто има повеќе прсти, па мора да пази да не пресече некој.

-Сите додатни прсти во некои ситуации претставуваат проблем. Столар сум и цело време работам со чекан и пила. Секогаш морам да бидам многу внимателен да не ги удрам или пресечам, призна Сутар.

Тој на секоја шака има по седум прсти, а исто и на стапалата. Се работи за навистина развојна аномалија, која е многу ретка. Луѓе од цела Индија доаѓаат со децата како би го виделе, а тоа внимание како што кажува тој му годи.

-Изразите на лицата на луѓето кога ќеми ги видат прстите се непроценливи. Заради нив станав славен и сметам дека тоа ќе ме направи посреќен човек. Никогаш не ми паднало на памет да ги отстранам, кажува тој.

Тој исто кажа и дека децата ги прави посебно среќни кога ќе почне да прави трикови со прстите.

 

 
 
28.01.2016 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега