ФОТО: Раскинала со момчето бидејќи и рекло дека е премногу дебела за секс - погледнете како изгледа денес!

Девојката која била посрамена и понижена кога нејзиното момче и рекло дека била премногу дебела за да имаат интимен однос, прво го напуштила момчето, а потоа ослабела неверојатни 83 килограми. Пејџ Пат (22), девојката која тежела 146 килограми, била посрамена од своето момче на патувањето за годишнина од врската. Тој и рекол дека стомакот и е преголем и затоа не можат да имаат секс.
 
– Тоа беше толку понижувачки, што ме мотивираше за конечно да преземам акција за губење на тежината. Бев голема и како дете, а подоцна бев „дебелата“ во друштво. Луѓето ми кажуваа ужасни работи. Немав самодоверба, но се обидував да се убедам дека сум дебела и среќна. Дури и кога го скршив столот на една семејна скара, само се насмевнав. Меѓутоа, после коментарот на моето момче, не можев повеќе да издржам, – се сеќава Пејџ, која со години јадела хамбургери, колачи и чоколади.
 
Во текот на денот била редовен посетувач на Мекдоналдс, јадела два хамбургери и помфрит, а потоа колач и милкшејк. Секојдневно пиела и по 2 литри Кока-Кола.
 
Во третиот месец од 2013 година, лекарите и дијагностицирале дека е премногу дебела и дека постои голема опасност од срцев удар. Исто така ја предупредиле дека ќе ги загуби забите доколку продолжи да пие газирани сокови.
 
-Бев целосно понижена. Длабоко во себе знаев дека моето здравје страда поради вишокот килограми. Брзо се заморував и останував без здив. Моите нозе беа покриени со плускавци од големиот товар. Додека да стигнам на работа, јас се потев, мојата шминка се размачкуваше, беше навистина страшно.
Во јули 2013 година, Пејџ конечно се решила да превземе нешто. Ја прекинала врската со момчето и започнала диета.
 
Во почетокот пиела само сокови и изгубила 51 килограм за само 3 месеци. Но таквиот начин на слабеење не останал без последици – Пејџ ја загубила косата и страдала од болки во стомакот.
 
– Бев многу задоволна зошто ослабев, но се чувствував ужасно. После три месеци не можев да се справам со тоа, па одлучив да се обидам на поздрав начин.
 
Следните осум месеци, Пејџ јадела мали оброци здрава храна, како што се овошје, зеленчук и житарици. Во комбинација со секојдневно пешачење, таа ослабела 32 килограми, или вкупно неверојатни 83 килограми.
 
Пејџ вели дека слабеењето и го променило животот, и дека и е жал зошто чекала толку долго.
 
– Никогаш не сум се чувствувала подобро. Сите ми кажуваат колку добро изгледам. Секој кој се чувствува лошо во своето тело, треба нешто да превземе. Ако можев јас да го направам тоа, може секој.
Девојката сега има и пријатели кои се љубоморни на неа.
 
– Имав пријателка која ми рече дека не сака повеќе да излегувам со неа, затоа што привлекувам повеќе внимание. Тажно е што пријателите не можат да бидат среќни поради мене, но барем сега знам кои ми се вистинки пријатели.
 
Сега е во потрага по „вистинскиот“, а вели дека на поранешното момче му е многу благодарна за неговиот коментар.
 
– Сега сум посреќна од било кога и никој не се жали за мојот стомак!
 
 
28.01.2016 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега