Решена мистеријата: Еве зошто капачињата на пенкалата имаат отвор на нив

Токму тој отвор што се наоѓа на врвот од капачињата на пенкалата, години наназад, го спасил животот на стотици деца и возрасни.

Прв производител на хемиски пенкала кој што го вовел овој мал детал е BIC во 1991 година, но многумина го немаат приметено.

Тоа мало дупче всушност служи за да се спречи загушување доколку некој го голтне капачето.

Познато е дека децата ставаат во устата се и сешто, а пак возрасните кога се нервозни го гризаат капачето од пенкалото.

Во случај капачето да заврши во душникот, малиот отвор помага личноста и понатаму да продолжи да дише до укажувањето на лекарска помош.

 
 
28.01.2016 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега