Овие намирници веднаш исфрлете ги од вашата исхрана

Одредени продукти се неверојатно вкусни и просто не можете да го замислите денот без нив, но не знаете како тие влијаат на вашето здравје.

Ако се обидувате да изгубите килограми важно е да го намалите бројот на внесени калории во организмот, но уште поважен е квалитетот на производите што ги консумирате. Така на пример маргаринот има помалку калории од путерот, но тоа не значи дека треба да го јадете. Всушност постојат голем производи на кои местото не им е во вашата кујна туку во кантата за ѓубре, а ова се петте најлоши:

1. Газирани пијалаци

Тоа што на лименката пишува дека има нула калории не значи дека е добра за вашите килограми или за здравјето. Соковите со вештачки шеќери, иако се рекламираат како здрава замена за пијалаците со шеќер, всушност може да предизвикаат вистински хаос во организмот. Затоа би било најдобро во целост да ги исфрлите од употреба и наместо нив да пиете свежо цедени сокови.

2. Храна од конзерва

Ако веќе ги фрлате лименките со газирани пијалаци, решете се и од храната од конзерва. Без разлика дали се работи за конзервиран грав, однапред подготвени оброци или паштети, оваа храна секогаш содржи засилувач на вкусот и разни конзерванси, а за претераното количество сол подобро и да не говориме!

3. Пржена храна

Никој не може да каже дека пржените компирчиња не се вкусни, а сосема е во ред понекогаш малку да се опуштите и да изедете една порција со вашата омилена пржена храна. Но, тоа не значи дека во домот треба да чувате кеси со чипс и друга пржена храна. Научно е докажано дека заситените масни киселини може да го зголемат ризикот од развој на дијабетес, зголемување на прекумерната тежина и срцеви болести.

4. Маргарин

Не треба да дозволите да ве залаже тоа што маргаринот е на растителна основа – станува збор за хидрогенизирана растителна маст, која е позната како смрт за целиот организам. Единствената причина поради која луѓето купуваат маргарин наместо путер е неговата цена, затоа што е неколкукратно поевтин. Сепак, можеби е многу поедноставно да јадете помалку, но поквалитетно.

 
 
28.01.2016 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега