Намирници кои ќе ви помогнат да го издржите работниот ден

Во моменти кога вашата енергија драматично почнува да се намалува, концентарцијата станува се послаба и имате чувство на замор, би било добро доколку земете некој од следните намирници што веднаш ќе ви го подобрат расположението и ќе ви ја вратат енергијата.

Зелен чај
Зелениот чај има бројни предности за здравјето. Одличен е за извор на витамини воедно е и антиоксидант.  Го подобрува расположението и концентрацијата, а го намалува стресот.

Банана
Бананите се извор на на електролити, растителни влакна и омега 3 и 6 масни киселини.
Познато е дека бананата за многу кратко време по конзумирање ја враќа изгубената енергија.

Вода
Дехидрација е една од водечките причини за хроничен замор. Во моменти кога ќе почувствувате дека вашето ниво на концентрација и енергија почнува да паѓа, земете една чаша вода.

Јогурт
Варењето може да предизвика проблеми со меморијата и хроничениот замор. Пробиотиците во јогуртот може да ја стимулираат работата на дигестивниот систем, подобрување на вашето расположение и зголемување на нивото на енергија.

 
 
29.01.2016 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега