Трагедија во Србија: Никола загина на роденденот на неговата мајка
Никола Јовановиќ (33) од Текије, Србија загина во петокот во сообракајна несреќа. Тој од засега непознати причини со својот автомобил марка БМВ удрил во банкината и слетал од мостот на маистралнип пат Долни Милановац - Кладово, кај познатото место Голо Брдо и слетал во провалија длабока 50 метри.
Да биде трагедијата уште поголема, на истото место , пред три години загинал Далибор Николиќ (30), братучедот на Никола кој имал иста судбина.
-, Засега се уште не се познати причините за оваа несреќа, рекле од полциијата за српските медиуми.
А како што српските медиуми неофицијално дознаваат, Јовановиќ на кобната ноќ патувал после одбележувањето на роденденот на својата болна мајка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа