Дознајте каква љубовна приказна се крие зад песната "Не кани ме"

Баладата „Не кани ме“, која во една пригода беше прогласена за фолк-хит на деценијата, е дело на композиторот Орце Лазаров, но зад истата се крие вистинска љубовна приказна. Како што пишува Дневник, песната е направена за семејни релации.

– Музичката линија се роди пред осумнаесет години. Ја создадов од срце, искрено и без претензии дека мора да биде хит. Во тој период се случи несреќата со Владимир Нејашмиќ-Бато, текстописец и композитор и комплетно заборавив на песната, која сè уште немаше текст. Фолк – пејачот Миле Kузмановски сакаше да земе моја композиција, раскажува Лазаров за Дневник, додека авторот на стиховите за „Не кани ме“, Борче Нечовски, не сака да открива детали за песната, но кажува дека темата е чувствителна и дека во прашање се семејни релации, а доколку се откријат, тоа може да им наштети на одредени луѓе.

Едно е сигурно, каква приказна и да крие песната, дефинитивно е прекрасна.

 
 
30.01.2016 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега