Свекорот и свекрвата на Северина веќе не кријат: Кажаа се што мислат за неа
Драган Којиќ Кеба и неговата сопруга Оља конечно се појавија во јавноста откако медиумите почнаа да нагаѓаат дека неговиот син Игор и Северина чекаат принова.
Тие двајцата по повеќедневно скривање и одбивање да се јават на телефон дојдоа на отворање на фризерскиот салон кај својот долгогодишен пријател Мистер Икс и во таа прилика се обидоа да ја избегнат темата за бременоста на снаата, ама не им успеа.
Иако не сакал да потврди дека Северина и Игор ќе добијат дете, Кеба откри дека би сакал наскоро тоа да се случи и дека едвај чекал да стане дедо. Тој вели дека и сам не знае дали снаата му е бремена, иако самата таа ги инцираше тие гласини откако објави фотографија на која се гледа стомачето.
-Јас не знам дали Северина е бремена. Ќе мора неа да ја прашата. Таа и Игор ништо не ми рекоа. Би сакал да е така и дека наскоро ќе добијам внук. Мојата жена Оља и јас тоа едвај го чекаме. Не би сакал јас многу да зборувам за Северина и Игор, се што ве интересира прашајте ги нив кога ќе се вратат од меден месец, порача фолкерот.
Запрашан дали во нивното семејство е пракса меѓусебно да не разговараат за важни теми, Кеба рече дека досега не било така.
-Со Игор и Наташа секогаш имав отворен однос, за се разговаравме. Не се работи за тоа Игор нешто да крие од мене но веројатно е лош момент да разговара за некои работи, вели Којиќ.
Инаку, Кеба беше видно расположен и насмевката не ја симнуваше од лице. И со пријателите беше таинствен, па ни со нив не зборуваше дали е на пат неговото прво внуче. Повеќе сакаше да зборува за своите веѓи кои повторно ги истетовира. Тој му потклекна на трендот кој главно го следат жените и по две години повторно ги исцрта веѓите со јапонска техника. Овој пат направи исти онакви какви што има Севе, па на социјалните мрежи почнаа озборувања дека ја копира својата снаа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа