Месечината е во фаза на опаѓање: Еве што треба да правите

Ако сакате да ослабете, да го исчистите органзимот од токсини, да го елиминирате целулитот и да се одлободите од стрес, направете го тоа додека Месечината е во опаѓање. Таа фаза започна, па во наредните 14 дена пијте билни чаеви, одите на масажа, дренажа, користете средства за детоксикација, а диетата ќе ви биде поефикасна.

Организмот во опаѓачката фаза на Месечината полесно ги исфрла штетните материи, тврдат италијанските стручњаџи кои во книгата „Од месечината до Земјата“ откриле многу тајни на земјиниот природен сателит.

Авторите истакнуваат дека Месечината има огромно влијание на се што е на Земјата, но и дека современата цивилизација го занемарува тоа иако сите стари народи во различни делови од планетата животот го воделе во склад со луанрниот пат.

Според нивните зборови, кога Месечината е во опаѓање, тоа многу помага во врска со здравјето.

Лицата кои имаат проблеми со алергии посебно би требало да внимаваат на лунарниот календар.

Чистењето од паразити или перењето на облеката која содржи алергени најдобро е да се направи при опаѓање на Месечината, зошто микроорганизмите и штетните материи се отстрануваат подобро.

Се смета дека во таа лунарна фаза пациентите помалку крварат и лузните побрзо исчезнуваат, па ова е идеален период за отстранување на брадавици и младежи, како и за чистење на лицето.

 
 
31.01.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега