Претседателот на Словенија на тет-а-тет средба со претседателот Иванов

Од денеска во дводневна посета на Македонија престојува претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Пахор денеска предвидено е да има тет-а-тет средба со неговиот домаќин, македоснкиот претседател Ѓорге Иванов, по што ќе следи пленарен состанок на официјалните делегации. Утре шефот на словенечката држава  ќе да ја посети хидорецентралата Света Петка, и ќе положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци за Македонија.

Пахор во Скопје ќе се сретне и со претставници на словенечки компании, како и со Словенците кои работат и живеат во Македонија.

Исто така шефот на словенечката држава ќе одржи и кратка презентација на Европското првенство во кошарка што од 4 до 22 септември ќе се одржи во Словенија.

ФОТО: Плусинфо

најчитано сега