Ужас во Штип: 20-годишник вонбрачно живеел со малолетничка, таткото одобрил
СВР Штип поднел кривична пријава против М.А.(20) од с.Дорфулија, општина Лозово и П.Б.(36) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Во периодот од јануари до април 2025 година, првопријавениот во семејна куќа во с.Дорфулија живеел со малолетничка во вонбрачна заедница.
Додека, второпријавениот, татко на детето, не презел мерки за да ја спречи, туку ја прифатил и одобрил вонбрачната заедница.
19.05.2025 - 16:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа