Мицкоски: Нова Швајцарска програма за Македонија - 56,1 милиони франци за демократија и развој
Со нашиот долгогодишен партнер – Швајцарија, ја одбележуваже новата Швајцарска програма за соработка со Македонија за периодот 2025–2028.
Премиерот Мицкоски истанка дека оваа програма претставува продолжение на нашето успешно и плодотворно партнерство, засновано на заемна доверба, вредности и визија за иднината.
Со вкупен буџет од 56,1 милиони швајцарски франци, Швајцарија повторно ја потврдува својата поддршка за развојот на нашата држава, вложувајќи во три клучни области, демократија, животна средина и одржлив економски развој, објави Мицкоски.
-Во име на Владата и граѓаните, изразувам длабока благодарност до Швајцарската Конфедерација за досегашната, но и за идната поддршка. Заедно градиме стабилна, зелена и праведна иднина за нашите граѓани, објави премиерот Христијан Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа