Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за првпат од 2018 година
Фискалната консолидација останува приоритет на Владата и нема да отстапиме од она што е дефинирано со Фискалната стратегија. Кулминацијата ја достигнавме и сега ќе одиме кон намалување на јавниот долг. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во 360 Степени во врска со влијанието на реализацијата на новиот инвестициски план врз нивото на јавниот долг.
„Буџетскиот дефицит минатата година беше 4,4% од БДП, Оваа година е 4%. Јавниот долг во првиот квартал од 2025 година е најнизок во последните 5 години и првпат од 2018 година наваму бележи намалување во споредба со крајот на годината. Односно, од 2018 година наваму нема година освен оваа во која јавниот долг во првиот квартал е помал отколку на крајот на годината“, рече министерката за финансии и додаде дека долгот во првиот квартал е намален за 36 милиони евра, нешто што не се случувало во минатиот период.
Потенцира дека има внимаелен пристап во работењето и дека тоа ја покажува грижата кон Буџетот.
„Можев и јас како во претходниот период. Се задолжувале во првиот квартал за да бидат спокојни до крајот на годината, а потоа ги плаќале каматите граѓаните. Можев и јас да ја задолжам државата 300-400 милиони евра и потоа да плаќаме камата од 7% секој месец. Но кој ќе одговра. Оваа министерка тоа нема да го дозволи. Тоа го покажуваат и податоците“, рече минитерката.
Таа потенцира дека задолжувањето е оправдано само ако има додадена вредност во економијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа