Петмина тешко повредени: Детали за превртениот автобус во Крива Паланка

Дваесет и шест лица се повредени од кои пет се здобиле со потешки повредени во сообраќајната несреќа што се случила синоќа околу 21 часот и 30 минути откако автобус кој се движел на магистралниот пат А-2 Куманово – Крива Паланка излетал од патот.

СВР Куманово информира дека до сообраќајната несреќа дошло откако возачот Л.И. (47) од Бугарија управувајќи го автобусот во близина на критичното место во село Опила, Општина Ранковце, изгубил контрола врз возилото, излетал надвор од магистралниот пат на десната страна по што удрил во дрво и се превртел на десната бочна страна.

Повредените лица се пренесени во Ургентниот центар во Крива Паланка каде им е укажана лекарска помош. 

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Куманово.

 
 
03.02.2016 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега