Двајца мигранти убиени во престрелка во Табановце

Синоќа во престрелка на влезот од селото Табановце биле убиени двајца мигранти.

Според информациите од МВР, двајцата мигранти биле убиени по кратка расправија која кулминирала со престрелка. Случајот во полиција го пријавил жител поради нарушен јавен ред и мир.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот пронашла едно лице како лежи облеано во крв на автопатот, и друго лице со повреда на градниот кош кое било префрлено во Клиничкиот центар во Скопје, но според неофицијални информации и тоа им подлегнало на повредите.

Повеќе детали се најавени за подоцна.

 

најчитано сега