Само четири дечиња имале храброст да пријават насилство на СОС телефонот

На СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ вкупно се регистрирани 105 јавувачи, од кои само четири се деца кои имале храброст да пријават насилство или прекршување на некое нивно право, а останатите се возрасни, соопшти денеска на прес-конференција Драги Змијанац, извршен директор и основач на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

- Според овие податоци, за 40 деца постои сомнеж за политичка злоупотреба за време на локалните избори или по нивното завршување. 38 деца се изложени на несоодветни услови за живот кои им го попречуваат оптималниот раст и развој како резултат на сиромаштија. 32 деца биле незаштитени и изложени на насилство во своето семејство, на 19 деца им се прекршени правата при бракоразводни постапки. 13 деца биле жртви на насилство меѓу врсниците, а три деца биле жртви на сексуална злоупотреба, рече Змијанац.

Инаку, тој информира дека девојчињата двојно повеќе се јавуваат за разлика од момчињата, а најголем број од децата потенцијални жртви се на возраст од 6 до 14 години.

ФОТО: Утрински

 

најчитано сега