Инцидент на свадба: И покрај тоа што имаше крв на сите страни, пејачката продолжи да пее
На свадба во Подгорица на која пееше познатата пејачка Јадранка Барјактаровиќ дошло до инцидент кој резултирал со масовна тепачка.
- Сцената беше ужасна, луѓето почнаа да се тепаат, а бројот на учесниците растеше од секунда во секунда. Во еден момент не можеше да се прбројат колку луѓе се тепаат. Од обична фрка настана вистински хаос до мера што почнаа да летаат и чаши и флаши, надвор дури и се пукаа, раскажувал извор за српски Курир.
- Јадранка пееше и како тепачката стануваше се пожестока колегите од бендот ја тргнаа од бината за да не ја повредат бидејќи на бината леташе половина од инвентарот. Фала му на Бога, ситуацијата се смири кога почнаа да ги разделуваат сите учесници во тепачката, а Јадранка како вистински професионалец продолжи да пее и да ги забавува гостите, но сепак додека пееше беше многу прплашена, раскажал изворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа