Претепан газда на познато скопско кафуле

Како што соопшти полицијата, во неделата вечерта околу 23 часот, 39-годишниот Д.Д., сопственик на кафуле во населбата Радишани, бил телефонски повикан од вработените да дојде, бидејќи насилниците Д.К. и Б.К. прават проблеми во објектот. Ги затекнал двајцата како кршат шишиња, фрлат маси и кршат дел од инвентарот. Д.Д. ги предупредил да престанат, но наместо да се соземат, тие почнале да го навредуват, а потоа физички го нападнале удирајќи го со нозе во пределот на градите, а тој изнемоштен паднал на земја. Останатите гости во кафулето ги совладале напаѓачите и успеале да ги спречат да продолжат со намерата. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
08.02.2016 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега