Невена погребана во венчаница - таткото едвај се држеше на нозе
Младата Невена Мијиќ од Босна заедно со своите пријатели, Оливер и Моника, беше испратена во вечното живеалиште. Тажната поворка за 20-годишната девојка тргнала од нејзиниот дом до гробиштата со лелеци од болка и тага. Таа била погребана во венчаницата која и ја сошила мајка и, со која наскоро требала да се мажи.
- Злато мое, душа татина, ни прати порака дека излегува и не се врати повеќе, вели таткото низ солзи.
Тројцата другари заминаа во смрт во сообраќајка во која дирекно со својот Мерцедес се судрија со друго возило.
10.02.2016 - 11:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа