Сакал да се ожени па полуделе: Детали за убиството во битолско

СВР Битола поднесе кривична пријава против 21-годишниот А.Ш. и една година помладиот А.Н. од село Пласница кои се сомничат за убиство.

Тие на 11.10 2014 година во периодот меѓу 20 часот и 30 минути и 22 часот и 30 минути го нападнале и убиле 71 годишниот Риза А. исто така од Пласница. Тие се познавале со жртвата, А.Ш бил негов внук од син и живеел во истата куќа со него, додека второто момче честопати доаѓало во домот на жрвата. Според документираните сознанија од истрагата мотивот за извршување на кривичното дело произлегол од разговорите што ги слушнале од сега починатиот, кој во повеќе наврати изјавувал дека имал намера да се ожени со жена од Албанија, а целокупниот имот ќе го подарел токму на неа, наместо на нив.

Околу 20,30 часот пријавените се сретнале пред продавницата во селото каде едниот му предложил на  другиот да му помогне за да извршат убиство врз неговиот дедо Риза А. појаснувајќи му го мотивот за убиството. Второпријавениот го прифатил предлогот и веднаш по договорот се упатиле кон куќата на жртвата. Од помошниот објект-плевна во дворот на имотот А.Ш. земал еден копач, додека А.Н зел дрвена рачка од секира и потоа од терасата преку терасната врата влегле во внатрешноста на куќата. Откако утврдиле дека жртвата е во кујната на долниот дел од куќата, А.Ш. од горниот спрат, од една од собите зел две женски марами со кои се  маскирале за да не бидат препознати.

Потоа по внатрешните скали се симнале на приземјето и се поставиле во претсобјето, лево и десно од вратата на кујната, со намера да ја сочекаат жртвата. По кратко време од кујната излегол Риза А. кој во рацете носел послужавник со филџани и други работи и во истиот момент А.Н  со рачката од секирата замавнал према оштетениот и го удрил во слепочницата. Од ударот на жртвата му паднал послужавникот, по што почнал да се брани и успеал да му ја земе рачката од секирата. Додека жртвата се борел со А.Н. од зади му пришол А.Ш и со копачот го удрил во грбот. Жртвата била совладана и после неколку удари со посочените орудиј Риза А. починал на местото на настанот.

Пријавените потоа ја заклучиле влезната врата од внатрешна страна со клучот кој бил во бравата, се качиле на спратот, отишле во собата која ја користел Риза А, побарале пари но не успеале да најдат и повторно преку терасата слегле во дворот, а со себе ги зеле и предмети со кои го извршиле кривичното дело. Преку нивите се упатиле кон реката Треска на место викано „Шаварите“, каде ги фрлиле предметите во реката.

Двајцата заработија притвор во траење од 30 дена.

 
 
12.02.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега