Пожар во Битола

 

Ноќеска во 01:40 часот во полициската станица во Битола, Н.П. (27)  пријавил дека околу 01:35 часот пред влезната врата од куќата на Ц.П. на улица „Панде Илковски“ настанал пожар при што изгорела влезната врата и гумена подлога која се наоѓала на прагот пред вратата. Пожарот бил изгаснат од страна на пожарната бригада.

Увид извршила екипа од полицијата на Битола. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
15.02.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега