Еве кои делови на Скопје утре ќе бидат без струја

Без струја утре  од 08:30 до 09:30 часот ќе бидат корисниците од ул.„Костурски херои“ бр.2 и 2а. во општина Центар.

Од 08:30 до 13:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од ул. „Христо Смирненски“ на потегот од ул. „Борка Талевски“ до ул. „9 – ти Мај“, делот кој вкрстува со ул. „Борка Талевски“, како и дел од корисниците од ул. „Борка Талевски“ кон фабриката „Треска“ во општина Центар.

Во периодот од 09:00 до 10:00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од улиците „Јужноморавски Бригади“ и „Среќко Пужалка“ во општина  Гази Баба, а од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од реон Гази Баба наспроти Јаја Пашината Џамија.

Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. „Ново Село“ на потегот од центар кон Лепенец во општина Карпош, а од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. „Невена Георгиева – Дуња“ бр.2, 4, 6 и 9, објектите на Трофеј и Златна Копачка, како и дел од корисниците од ул. „Улоф Палме“ во општина Кисела Вода ќе останат без електрична енергија.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електросистемот.

 
 
18.02.2016 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега