Нов отворен базен најави Груевски

Нов отворен базен во Скопје во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е еден од новите мерки за млади кои денес ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Согласно потребите на СЦБТ, согласно на тоа што таму постои аква-парк кој одлично функционира, базенот ќе биде дополнителна нова понуда. Трошоците за изградба се 740.000 евра. Почеток на градба е предвиден за 2018-та година. Со ова, заедно со проектот за затворени тениски игралишта и затворена гимнастичка сала, како и постоечките, ќе се добие современ центар за рекреација за скопјани и сите други граѓани кои доаѓаат тука, заклучи Груевски.

 
 
18.02.2016 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа