Голем број несреќи во Скопје за три дена: 14 лица во болница

И викендов хаос на скопските улици. За три дена се случиле 23 сообраќајки со 14 повредени лица.

Во петокот сообраќајната полиција изврши увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив, три поминале само со материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле двајца пешаци и еден велосипедист. Исто така, истиот ден со тешка телесна повреда се здобил еден сопатник, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило на скопските улици.

На 20 февруари, сабота, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, две  се со последица материјална штета, додека во четири со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, двајца пешаци и еден патник во автобус. Исто така, со тешки телесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило и еден возач на патничко моторно возило.

Вчера, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца сопатници.

Во текот изминативе три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 117 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Триесет и девет возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 13 возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, седум возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница и четворица возачи не го почитувале правилото на првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин. Санкционирани се и шест пешаци кои сториле прекршоци по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 115 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 
 
22.02.2016 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега