Република: Туристот Ванхауте продолжува со навредите врз македонскиот народ и историја

 

Планирам да напишам водичи за туристи, ќе почнам со Скопје; Размислувајќи како турист, гладен за историја. Каде е Музејот на ВМРО, не е во мојот водич“.- ја објави Ванхауте дрската порака со која успеа да го навреди не само партиското членство, туку си поигрува со чувствата на севкупното македонско општество, историјата, наследството на македонскиот народ, пишува порталот.

tviter-vanhaute

Подолго време се посочува на неговите активности на социјалните мрежи кои се недораснати за позицијата заради која е дојден во Македонија. Отвореното заземање на страна, како и јавното дискредитирање на еден од учесниците на преговарачката маса воопшто не прилега на олеснувачката функција. Ваквото „олеснување“ ги стави преговорите во момент во кој не е возможно да се најдат решенија.

Неговите „мачки и кучки“ преку кои се обидува да го исмее целиот процес наидува на одобрување само кај мал дел од „твитер заедницата“ која ниту е репрезент на македонската јавност, ниту пак е реална слика за хуморот на Ванхауте. За карактерот на таа мала група говори и јавната понуда за фелацио кон Белгиецот токму од таа заедница, пишува Република.

На Ванхауте не му е прв пат да напаѓа по историјата, по политичката партија зад која стои мнозинството, нејзини директни претставници на преговорите.

Да се потсетиме на неговите истапи со хистеричните вербални напади и закани врз жените кои биле повикани да учествуваат во процесот на преговори. Да се потсетиме на изразите „престанете да се**те“.

За позицијата на активен медијатор најмалку би требало да се врзуваат делувања кои би оделе во насока на навреди кон репрезенти од највисоките партиски органи на ВМРО- ДПМНЕ во други прилики за кои воопшто не е ниту надлежен да коментира, да оценува и во најмала рака да клевети за состојби во сфери во кои повторно нема никаква дописна точка, а сето тоа да влијае врз медијаторството за кое е поставен.

tviter-vanhaute1

А Македонија не е општество кое во поблиската историја немала примери за повеќе или помалку успешни медијатори. На пример, можете ли да се сетите на било каква изјава која што би излегла од рамката на пристојност на медијаторите во спорот со името? Можете ли да го замислите Метју Нимиц да твита мачки, кучки, мајмуни по секоја нова средба со делегациите на Македонија и Грција? Да одиме пошироко, дали меѓународната заедница би го постигнала Дејтонскиот договор, или Кумановскиот договор, Рамбује или било кој сериозен договор со кој се постигнало да се стави линија и да се продолжи по некоја зацртана патека? Токму затоа, колку меѓународната заедница да се прави слепа на активностите на Питер Ванхауте, таа не може да се изземе од недоветноста на нејзиниот претставник во политичкиот дијалог.

vanhaute

Тоа што го прави Ванхауте не е ништо поразлично од она што можеби би требало да го прави портпарол или некој претставник на опозицијата, во некоја претпоставена политичка борба за внимание. Па, што ќе им е сектор за односи со јавност во македонската опозиција кога си го имаат Ванхауте. Ама од друга страна Ванхауте не може да биде олеснувач во преговорите.

vanhaute 5

Сето ова е резултат на веќе објавените средби и влијание на фракцијата на СДСМ затскриено во таканаречени граѓански организации. Засилувањето на активностите на Ванхауте на социјалните мрежи почна по тајната средба која што Белгиецот ја имаше со претставници на СОРОС каде од него се бараше „да продолжи со притисокот“. Секако, да притиска да пропаднат преговорите, за да не се дојде до решение, за да може да продолжи кризата, да пропаднат опциите за предвремени избори на договорената дата, за да може ВМРО-ДПМНЕ да излезе „лошото момче“ во ситуацијата, за да се смени колку што е можно повеќе јавното мнение во корист на СДСМ.

Што од ова е дел од медијаторство, олеснување на преговорите, нудење помош кон доближување на ставовите, наоѓање компромис, што е и основната задача на Ванхауте?

tviter-vanhaute2

Не може а да не се спомене дека Ванхауте, чија што лична политичка определба воопшто не би требала да има улога во процесот, запре со активноста на социјалните мрежи токму кога беше обелоденето неговото видување на работите во Македонија, кога можеше да се прочита неговиот став кон политичката ориентацијата на партиите во Македонија, неговата блискост со СДСМ од претходните посети на Македонија. Тогаш Белгиецот запре, ги сокри од јавното око неговите ставови. Оттука не може а да не се каже дека тој не знае што сето тоа значи и како тоа влијае врз неговата улога во преговарачкиот процес, па со тој чекор на почетокот самиот „си даде шанса“, но и покажа дека знае што е, а што не е во рамките на дејноста на еден олеснувач.

Ванхауте по неговите вербални испади и реакциите на ВМРО- ДПМНЕ барал прошка за да може да продолжи со медијаторството. Но сето тоа се промени откако тоа од него беше директно побарано.

Сега е доцна повторно да се извинува, што на белгискиот турист му е кристално јасно. И јасно му е дека сега е слободен што сака да прави „дури и во оваа земја“. Неговата активност на социјалните мрежи веќе не може да ја образложува како „алатка за постигнување на целта“. Освен ако целта на медијаторството под закрила на меѓународната заедница не беше токму тоа- преговорите да пропаднат и изборите да се одложат. Пораките од лидерот на СДСМ дека „чадорот“ ќе се погрижи за се, само потврдуваат дека тоа не е далеку од вистината.

 
 
22.02.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега