Смртни закани за премиерот на Бугарија
Смртни закани за бугарскиот премиер Бојко Борисов. Писмо со негова фотографија, куршум и заканувачка порака стигнала на адреса на бугарскиот премиер во владата.
Од неговиот кабинет потврдија дека постои таква порака, но одбија да ја коментираат.
Борисов за медиумите изјави дека не е загрижен, зашто знае дека тоа е одговор на неговата посветена борба со корупцијата и криминалот.
Медиумите потсетуваат дека минатата недела тој откажал неколку јавни настани од различни причини.
23.02.2016 - 23:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа