ФОТО: Ова е средношколецот кој почина на час по Физичко
Ова е момчето кое почина на час по физичко. Во лесковачкото село Мрштани вчера беше испратен во вечното живеалиште 18-годишниот ученик Стефан Арсиќ, кој почина среде час по физичка култура. Неутешната мајка Соња, таткото Братислав, братот Милош, дедото бабата, како и бројни роднини и соседи го испратија момчето во вечниот дом.
Лелеците на мајката се слушале низ гробиштата, несреќната жена не можела да оди. На погребот биле и професорите и соучениците на младото момче кое се онесвести на часот по Физичко.
На двајца другари им се слошило, па за нив била повикана Брза Помош.
24.02.2016 - 11:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа