ФОТО: Тврделе дека забраната за помилување е противуставна а сега протестираат пред Уставен

Тврделе дека измените на законот за помилување се противуставни а сега протестираат пред Уставниот Суд. СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9ти јануари 2009та гласале против предлозите на министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности.

Стенограмите од оваа седница покажуваат дека пратениците согласно партискиот став биле против измените на Законот за помилување. На листата се наоѓаат имињата на пратеничката Цветанка Иванова, Јани Макрадули, Андреј Петров, Марјанчо Николов и други.

Во своите дискусии пратениците на СДСМ тврделе дека ваквите измени се спротивни на Уставот. Сметале дека нема основа токму овие кривични дела да бидат издвоени. ИСтакнале дека секој може да се покае и ресоцијализира и дека Законот не смее да ги третира различно и построго сторителите на овие специфични кривични дела .

Пратеничката Цветанка Иванова во својата дискусија истакнала:

„Според мене овој Закон ќе падне на УСтавен Суд и тоа нема да е нешто ново, затоа што голем број на закони кои ова парламентарно мнозинство или оваа Влада ги предлага, паѓаат на УСтавен суд, и овој Закон исто така ќе падне..“, оценила пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова.

„Јас мислам дека една ваква одредба или една ваква измена, прво ќе дојде на удар на уставноста, и мислам дека ќе падне затоа што е дискриминаторска... Затоа мислам дека ние треба да му веруваме на претседателот , на овој , на идниот, на кој и да е, затоа што тој е избран од сите овде што сме во Собрание со најголме број гласови со поддршка на голем број на граѓани и мислам дека ваквото право треба да му биде оставено“, рекла Цветанка Иванова на 09ти јануари 2009та.

Дополнително, го прашувала тогашниот министер за правда Михајло Маневски, каде во регионот и светот постои вакво ограничување на овластувањата на шефот на државата.

Но за разлика од тогаш, истата пратеничка на СДСМ денеска има поинаков став. На својот фејсбук профил таа вчера го осудила приваќањето на иницијативата во УСтавниот Суд. Ако во 2009та сметала дека измените на Законот се против уставни, таа сега смета дека УСтавните судии се срам иако тие постапуваат согласно ставот на СДСМ изразен во 2009та.

 

Слична контрадикторност може да се забележи кај најголем дел од тогашните пратеници на СДСМ.

Измените на законот за помилување во 2009та ги предложи тогашниот министерз а правда а ги поддржа владејачкото мнозинство.

Вчера во псимено соопштение ВМРО-ДПМНЕ посочи дека останува на ставот дека не треба да има помилување за овие кривични дела.

„ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложи измените во Законот за помилување.

​Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично.

​ВМРО ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски.

​СДСМ денес во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуката на Уставен суд.

​Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука.

​Впрочем, медиумите неодамна објавија дека СЈО без основа го побарало и предметот за педофилија кој се води против членови на семејството на Зоран Верушевски, осомничен во предметот „Пуч“ и близок соработник на Зоран Заев“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 
 
25.02.2016 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега