Четири деца живееат во беда: Немаме ништо дури ни мајка

 

Тригодишниот Михајло имал само два месеца откако неговата мајка го напуштила неговиот татко Србо (37),  неговиот година дена постар брат Милан и сестрата Аница (5) и Андријана (9) ги оставила без мајчинска љубов. неодстатокот на женска рака се чуствува на секој чекор во трошната куќа во семејството Ѓокиќ во Косовкса Камница. Во оваа куќа покрај четирите деца  и нивниот татко живееат и двајцата браќа на Србо и нивниот татко Добросав (56). Без најосновните домакинства и со срушен плафон и влажни ѕидови, домот на ова семејство е исполнет со сиромаштија, тага и недостаток на смеа и лицата на децата. 

- Тешко ми е што децата растат во волку лоши услови, без тоалет и основни ствари во куќата, раскажува таткото на децата кој живее само од социјална помош. 

Тој вели дека заедно со  неговите браќа се трудат колку можат за неговите деца, но сепак тоа не е доволно.

- Имаме во дворот стока, па за храна некако и се снаоѓаме, но на нас ни недостасува останатото, посебно работи во домот и гардароба за деца, вели таткото низ солзи. 

 

 
 
26.02.2016 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега