Пијан возач усмрти дете на пешачки премин

 

Пијан возач усмрти 12-годишно девојче. Оваа трагедија ја погоди и Србија и целиот регион, а е уште една во низата трагедии во кои за жал згаснуваат детски животи поради несовесните возачи.

Несреќата според податоците на српскиот Курир се случила синоќа во 21 часот на главната улица во Блаце. 24-годишниот Н.Б. со своето возило марка Голф прегазил 12-годишно девојче кое преминувало улица на обележан пешачки премин. Тој откако го усмртил детето избегал од местото на трагедијата, без да пружи помош. 

Детето било донесено во Ургентниот Центар во 22 часот и 15 минути без знаци на живот. 

Возачот иако се обидел да избега, бил фатен од страна на полциијата. Сега ќе одговара за делото иако нема казна и цена која може да се плати за детскиот живот.

 
 
28.02.2016 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега