Уживајте во сонцето - ни претстои топол и сончев ден

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.

ФОТО: А1.он

најчитано сега