Хорор во Скопје: Жена со дете влегла да питачи во угостителски објект, па извадила нож
Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 12.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар, женско лице со дете во рака влегло во објектот и питачело.
Вработените побарале да го напушти објектот, по што таа со остар предмет им упатувала закани, а откако ѝ бил одземен предметот, го напуштила објектот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
20.05.2025 - 14:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа