Паднаа тројца дилери од Битола - пронајдена голема количина дрога
Вчера во 19.55 часот во с.Лавци, битолско, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода М.К.(33), Д.П.(38) и Д.М.(36), сите од Битола.
При претрес во домот на М.К.(33) во с.Лавци, извршен со судска наредба, во кој беа затекнати и Д.П. и Д.М., пронајдени и одземени се дигитална вага со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, 41 стаклена тегла со изртена габична материја, тегли, шишиња и шприцеви исполнети со течност, импровизирани саксии со растението канабис и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
По документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа