Неверојатно: Украден половина тенк во Охрид

Засега непознати сторители украле делови од три тенка кои се наоѓаат на воено стрелиште во близина на депонијата Мауцкер во Охрид, пренесува Канал 5.

Крадците во текот на минатата ноќ успеале најпрво да ги исечат, а потоа и да ги натоварат во камион деловите од тенкот.

Неколку делови останале во близина на депонијата, а чуварот штом ја забележал кражбата веднаш ја пријавил во полиција.

Од охридската полиција велат дека веќе два пати било пријавувано оштетување на оклопни возила кај оваа депонија. 

Според податоците на Канал 5, тенкот е вреден 10.000 евра.

 

најчитано сега