Јованка Ефтимова: Жената фактор за поголема безбедност во сообраќајот

По повод денот на жената, „8-ми март“, Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), организира сообраќајно-едукативна трибина, под мотото „Жената како фактор за поголема безбедност во сообраќајот“. 

Press24: Како би ја споредиле Македонија со земјите што имаат поразвиена сообраќајна култура, посебно за жените учесници во сообраќајот?

Ефтимова: Жените се сè поактивни учесници во сообраќајот на патиштата во Република Маќедонија. Ако пред дваесетина години жените претставувале само незначителен процент од возачите, денес таа бројка се доближува до 50%. Што се однесува на културата на однесување во сообраќајот, Македонија, во споредба со остантите земји од Европа, се наоѓа некаде во средината. Кога се во прашање жените и нивните навики во сообраќајот, особено негативна страна е ниското ниво на употреба на сигурносните појаси, некористење или неправилно користење на детските седишта, а исто така, на таа тема важно е да се потенцира дека, во Република Македонија делумно сè уште е присутен стериотипот за жените како лоши возачи.

Press24: Како би ги споредиле мажите со жените, како учесници во сообраќајот? Кој е поодговорен учесник во сообраќајот?

Ефтимова: Интерсено прашање. Се разбира, поделбата на возачите на машки и женски и не е најсоодветна, но ако правиме анализа од тој аспект, моето лично мислење е дека жените се доста внимателни возачи, би рекла дури и дека се подисциплинирани и посовесни возачи од мажите. Жените речиси никогаш не возат со брзина поголема од дозволената, не поминуваат на црвено, не возат под дејство на алкохол, итн. Едноставно, агресивното возење не им е својствено на жените. Исто така, жените покажуваат поголема склоност кон почитувње на сообрќајните правила и прописи и кон почитување на велосипедистите и пешаците. Од друга страна, мажите се подобри возачи од аспект на нивната сигурност, подобро разбирање за техничките и механичките карактеристики на возилото, имаат подобра ориентација и подобро се снаоѓаат на мал простор, а подобро се снаоѓаат и во сообраќајниот метеж. На крајот, сепак најважно и неопходно е заемното почитување и секако, поголема коректност од сите учесници во сообраќајот. Впрочем и сообраќајната култура и однесувањето во сообраќајот, е дел од севкупната култура и карактер на една личност. Не случајно е кажано: „Човекот каков е во животот, таков е и во сообраќајот“.

Press24: Кои се најчести грешки кои ги прават жените возачи  во сообраќајот? 

Ефтимова: Резултатите од некои истражувања, спроведени од релевантни меѓународни организации,  покажуваат дека најчестите прекршоци, кои ги прават жените во сообраќајот, спаѓаат во категоријата управување на моторно возило под одвлечено внимание. Тоа подразбира: зборување на мобилен телефон за време на управувањето на моторното возило, пишување СМС, правење фотографии, козметичко средување за време на управувањето на возилото, итн. Друг сериозен проблем, е неупотребата на сигурносните појаси, особено кога се патува на кратки дестинации и во населено место, а секако и погрешното паркирање.

По повод денот на жената, 8-ми март, Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП),  организира сообраќајно-едукативна трибина, под мотото „Жената како фактор за поголема безбедност во сообраќајот“. Колку од овие теми ќе бидат опфатени на трибинта?

По повод денот на жената, 8ми март, Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со АМСМ, организира сообраќајно-едукативна трибина под мотото „Жената како фактор за поголема безбедност во сообраќајот“. На трибината ќе  се дискутира на повеќе теми поврзани со сообраќајот и жените во сообраќајот. Секако, во  еден сегмент ќе бидат опфатени и најчестите грешки и прекршоци што ги прават жените во сообраќајот, но на трибината ќе се опфати целокупнта улога на жените, како учесници во сообрќајот и нивото влијние врз безбедноста во сообраќајот.

Трибинта ќе се одржи во хотелот Holiday Inn, на 8ми март, со почеток од 12:00 часот.

 
 
07.03.2016 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега