Семејството завиено во црно: Две недели пред свадба му се случи вистински пекол

Горан Медиќ (28) од Србија почина вчера наутро поради тешки телесни повреди, според неофицијални информации Лазар М (25) со флаша му нанел тешки телесни повреди на Горан. 

Како што неофицијално дознава Курир.рс, Медиќ еден час после полноќ излегол од кафаната и тргнал за накај дома, а Лазар М го прател со автомобилот и потоа го удрил. 

- Онесвестениот паднал на плочник и удрил со главата во бетон пре автомобилот. Напаѓачот после тоа побегнал, но по неколку часа е уапсен, рекол извор од истрагата за српски Курир. 

Медиќ во локви крв бил пронајден од страна на неговите пријатели 

- Тие го одвеле во Итната помош каде се обидувале да го реанимираат. За жал, несреќното момче починало. Тој најверојатно починал  веднаш по нападот, рекол зиворот. 

Во семејството Медиќ владее тага и болка. таткото на Горан Никола со солзи во очите објаснува дека во петокот бил неговиот син кај него за да му се пофали какви бурми купил. 

- Беше кај мене среќен, ми ги покажуваше прстените. На 19. март требаше да се жени со долгогофишната девојка која е во шестиот месец од бременоста, а моето дете сега го нема, вели расплаканиот Никола Медиќ. 

Таткото вели дека не знае точно што се случило но се претпоставува дека бил нападнат од позади грб.

 
 
07.03.2016 - 14:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега