Неколку скопски населби утре без вода

Без вода утре од 9 часот ќе останат жителите од населбите Козле, Жданец и Трнодол, како и селото Моране.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување во Моране е поради чистење и хлорирање на резервоар во селото, додека во населбите во Карпош е поради започнување со реконструкција во пумпната станица Жданец.

Прекинот ќе биде се до завршување на работите.

 
 
09.03.2016 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа