Петмина во болница, еден тешко повреден - хаос во Скопје

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 13 сообраќајни незгоди. Осум поминале со предизвикана материјална штета, додека во  четири со телесни повреди се здобиле пет лица.

Се случила и една незгода во која со тешка телесна повреда се здобил еден велосипедист на скопските улици.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци. 

Осумнаесет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло на семафорот и тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол.

Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци. 

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 70 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од четврто одделение во ОУ „Панајот Гиновски“, општина Бутел.

 
 
11.03.2016 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа