Раде Шербеџија во солзи: "Многу вода ќе мине низ реките додека се роди некој сличен на Драган "

Легендата на српскиот театар и филм, Драган Николиќ, денеска ќе биде испратен во вечниот дом. На Комеморацијата за великанот дојдоа покрај српскиот премиер Александар Вучиќ, и неговите колеги и пријатели меѓу кои секако неговата сопруга Милена Дравич, Танасија Узиновиќ, Лазар Ристовски, Сека Саблиќ, Драган Бијелогрлиќ, Радош Гојковиќ, како и Бранимир Брстина, директорот на ателјето 212 кој одржа и говор за својот сакан пријател.

- Драгане, витезу наш, да има некој кој те слушаше а не се смееше и веселеше со тебе...Да има некој кој те видел само еднаш а да не се заљубил во твојата личност... рече тој низ солзи.

Смртта на Драган го скрши и неговиот голем пријател Бијелогрлиќ.

- Запали цигара, нарачај црн Џони, и штити не нас од таму, рече тој со солзи и болка.

Неговата кума е скршена: - Го сакаше животот, сакаше луѓе, беше среќен што е актер, и никогаш не ја губеше ведрината и во најтешките мигови, рече таа.

Во текот на Комеморацијата, беа пуштени делови од филмовите на великанот, а потоа говор оддржал и Раде Шербеџија.

- Сите се заљубивме во неговото лице уште во првиот филм. Секоја улога сакаше да ја прикаже едноставно. Го сакаше животот. Голем човек. Многу вода ќе мине низ Дунав и Сава додека не се роди некој сличен на него. Тој беше мангуп! Гаго, ти реков дека сум твој брат, а ти си брат на сите нас, заврши тој со болка.

 

 
 
14.03.2016 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега