Полнете ги резервоарите: Значително поскапување на горивата во Македонија

Договорот на најголемите светски производители идниот месец во Доха да одржат состанок на кој би се разговарало за ограничување на производството ги зголеми цените на нафтата на светските берзи.
Во текот на вчерашниот ден на берзата во Њујорк, американската „лесна“ нафта поскапи за половина долар на 38,94 долари за барел, додека северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува и во Македонија поскапи за 18 центи и тргувањето го заврши на 40,51 долар за еден барел.

Оваа цена е за скоро 5,5 долари повисока од просечната цена врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги одреди малопродажните цени на 7 март.

Тогаш, просечната цена на барел нафта изнесувала 34,945 долари а курсот на доларот изнесувал 56,09 денари. Во моментов еден долар вреди 54,44 денари

Следната корекција на малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија ќе се случи на 21 март, односно идниот понеделник. За очекување е регулаторот да одреди нови, значително повисоки цени на нафтените деривати во Македонија

 

 

 
 
17.03.2016 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега