Вмрежување компании од сите региони во Македонија

 

Во Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија денеска  ќе се одржат бизнис средби за вмрежување  на  компании од сите региони во земјата.

Целта на настанот е поврзување на фирмите учесници во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија и имплементиран од ЦЕЕД.

Претставниците на компаниите на средбите ќе имаат можност да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи и услуги и да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.

Пред присутните ќе се обратат  Татјана Марковска, менаџер од канцеларијата на УСАИД за економски развој и  Анета Дамјановска, координатор на Националната програма, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, ги поддржува микро и малите бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на Проектот се имплементирани преку ЦЕЕД Македонија, кој е една од институциите во наследство на УСАИД. 

 
 
18.03.2016 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега