Го удрил со секира по глава - Стружанец тешко повреден

Четириесет и две годишниот М.М. од Струга со повреди на главата бил пренесен во Медицинскиот центар во Охрид.

По превземените мерки полициските службеници констатирале дека во текот на вчерашниот ден, околу 15 часот во семејната куќа на Е.М. (71), откако претходно се скарале, Е.М. со неколку удари со секира му нанел телесни повреди на М.М. во пределот на главата, дланката и потколеницата. 

Е.М. е пронајден и приведен во СВР-Охрид, а секирата со потврда за одземени предмети е одземена за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 
 
20.03.2016 - 11:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега