Страшна несреќа во Скопје: Уште едно лице го загуби животот на улиците

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 32 сообраќајни незгоди. Сообраќајната полиција на 18 март, петок, изврши увид на 11 сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и шест се со телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.

Како што информира за МИА, Драган М. Велјаноски од СВР-Скопје на 19 март, сабота, извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив, девет се со последица материјална штета, четири се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле осум.

Се случила и една незгода во која со тешка телесна повреда се здобил еден пешак.

Вчера, сообраќајната полиција извршила увид на вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои две се со последици материјална штета, две се со последица телесни повреди, а со полесни повреди се здобиле пет лица. Се случиле и две незгоди во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден возач на мотоцикл, а со телени повреди се здобил сопатник на мотоцикл.

Исто така, во 10 часот и 5 минути на улицата „Александар Урдаревски“ наспроти бензинска пумпа „Супер Оил“ број 1, се случила несреќа во која учествувале патничко моторно возило „нисан премира“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје, кој изгубил контрола над возилото, излегол со возилото надвор од коловозот и удрил во бетонска ограда и метална капија. Како последица од незгодата совозачот го загубил животот, а со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото моторно возило.

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци. Санкционирани се 102 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, 26 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 17 возачи поминале на црвено светло на семафор, 18 возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки преми, како и 19 возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 109 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Со почеток во 11 часот ќе се одржи манифестацијата Скопје Велоград 2017 на која ќе земат учество велосипедисти, рекреативци и средношколци од Скопје. Истите ќе започнат да се движат од „МИ-ДА мотор“ по велосипедска патека по бул. „Илинден“ лево по бул. „Гоце Делчев“, лево по ул. „Беласица“, десно по бул. „Александар Македонски“ до „Алкалоид“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и на манифестацијата, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

 
 
21.03.2016 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега