Заштитните сведоци ќе раскажат за Диво Насеље - судењето зад затворени врати
Судскиот процес за „Дива населба“ продолжува денеска во Основниот суд Скопје 1 со сослушување на заштитни сведоци.
Од Судот информираат дека денешното рочиште ќе биде затворено за јавноста. Заштитните сведоци ќе дадат искази на предлог на Јавното обвинителство.
Во случајот „Дива населба“ се обвинети вкупно 29 лица за тероризам и терористичко организирање за случувањата од 9 и 10 мај во Кумановско. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
22.03.2016 - 10:02
Фото:
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа