Стартуваше „Пивофест“ - 30 тони пиво се испија првата вечер

Вчера во Прилеп стартуваше Пивофест, фестивалот на пивото и скарата. Уште првата вечер на Пивофест дојдоа 50.000 посетители, беа испиени 30 тони пиво и изедени 13 тони скара.   

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески денеска на прес-конференција рече дека првиот фестивалски ден ги надминува нивните очекувања. - Помина во најдобар ред во големо расположение. За атмосферата се погрижија македонските доајени на евергрин музиката, а посебно вниманието го привлече загрепскиот бенд „Ту Челос“. Задоволни сме што ни дојдоа гости не само од Македонија. Очекуваме од денеска и наредните два дена во викендот уште повеќе посетеност, рече Ристески.

Фестивалот трае до 23 јули.

најчитано сега