Скопската фризерка: Мојот сопруг се коцкаше со парите од становите

Денеска скопската фризерка Благица Дончовски која измами 40 граѓани меѓу кои и јавни личности, продавајќи им фиктивни станови, седна на обвинителната клупа и низ солзи раскажа што се случувало.

За­ра­бо­ту­вав одлично како фризерка и немав потреба да се занимавам со не­ле­га­лен бизнис. Моите продадоа нива и барака за да си купиме стан во Аеродром. Смет­ка­та на мојот татко ја злоупотребив, тој не знаеше ништо за тоа. Кога во мое при­су­ство вадеше пари од сметката, неколкупати ме праша од каде толку многу па­ри, а јас му реков да не се грижи и оти сe е легално заработено. Тој беше за­фа­тен со лекувањето на сестра ми, која е лице со хендикеп. Правеше испитувања за да биде донатор, таа да може да се излекува, и не обрнуваше многу внимание на па­ри­те од неговата сметка", раскажуваше обвинетата Дончевска. Сите во суд­ни­ца­та останаа изненадени кога обвинетата фризерка рече дека ќе смени дел од из­ја­ва­та. Иако во истрага кажала дека нејзиниот сегашен втор сопруг не знаел ништо за продажбата на становите, Дончевска, низ солзи, рече дека тоа го кажала за да го заштити и оти тој знаел сe за проектот.

"Па­ри­те кои ги подигавме од сметката на татко ми, ги трошеше и тој. Се коцкаше и си ги исплаќаше долговите. Од роднини позајмивме 200.000 евра за да платиме долг, а потоа им враќавме дел од парите. Јас не се луксузирав и не патував туку тој живееше во луксуз. Отвори билјард клуб и си купи џип 'ауди', кој потоа го стави под залог за да се коцка. Првпат во мојот живот се соочив со лихвар", низ солзи збо­ру­ва­ше обвинетата фризерка, пренесе Вест.

За потсетување, Благица Дончевска, претставувајќи се како вра­бо­те­на во Владата на Република Македонија, презентирала проект, и за ниска це­на им нудела фиктивни станови на лица со посебни потреби и на млади брачни па­ро­ви.

најчитано сега